National Geographic Србија направи листа од 5 природни пејсажи кои делумно сеуште постојат, но природата се заканува да ги уништи целосно.
1. Старецот од планината (Бела планина, Њу Хемпшир, САД)
Старецот од планината, познат и како Големото камено лице претставуваше прекрасна природна убавина на Белите планини во Њу Хемпшир. Откриен е во 1805-тата година и беше лоциран на 370 метри над езерото, висок 12 метри и 7,6 метри широк. На 3 мај 2003 година, се сруши.
2. Божјиот прст (Канарски острови, Шпанија)
Еден од геолошките феномени, Божјиот прст на Гран Канарија, еден од Канарските острови, беше еден голем камен кој личеше на затворена шака од кој се издгаше прст. Во ноември месец 2005 година тропската олуја беше посилна од каменот и го уништи прстот.
3. 12 Апостоли (Национален парк Порт Кембел, Викторија, Австралија)
12-те Апостоли претставуваат збир на карпи во Австралија. Во Јули 2005-тата година се сруши еден од деветте карпести монолити и тоа пред туристи кои сакале да се сликаат покрај него. На овие карпести монолити им било потребно повеќе од 20 милиони да се оформат.
4. “Тунелите“ на плажата Легзира во Мароко
Еден од двата таканаречени тунели кои важеа за чудо на природата на плажата Легзира во Мароко се сруши во Септември, минатата година а се што остана од него е еден куп црвени урнатини.
5. Карпестиот мост (Јута, САД)
На 4 август 2008 година, природниот мост од карпи во Националниот парк во Јута, кој беше висок 26 метри и 66 метри широк, ненадејно се сруши.