Во дербито на рундата ќе се сретнат Лион и Бешикташ, а интересен ќе биде и дуелот на Ајакс и Шалке.

Единствениот шпански тим кој остана во натпреварувањето, Селта, ќе игра со вториот белгиски претставник Генк.

На претходните шест средби на Манчестер јунајтед и Андерлехт двата тима имаат по три победи, со гол разлика 22:6 во корист на англискиот гигант.

На дуелот на Шалке со Ајакс особено се радува поранешниот напаѓач на холандскиот тим, сега главна ѕвезда на Шалке, Клас-Јан Хунтелар. Двата клуба досега го имаат освоено претходникот на ова натпреварување, Купот на УЕФА.

Селта и Генк досега се немаат сретнато во европските натпреварувања, исто како и Лион и Бешикташ.

Првите натпревари од четврт-финалето на Лигата на Европа ќе се играат на 13-ти април, а реваншите седум дена подоцна.

Полуфиналните дуели се на програмата на 4-ти и 11-ти мај, а финалето е закажано за 24-ти мај.

Лига на Европа, четврт-финални двојки:

Андерлехт – Манчестер јунајтед

Селта Виго - Генк

Ајакс - Шалке

Лион – Бешикташ



Автор: Администратор
Објавено на: 17/03/2017 16:27