Швајцарците Роџер Федерер и Стен Вавринка ќе бидат главните актери на финалето на Индијан Велс кое ќе се одигра денес од 21:00 часот.

Роже Федерер ќе се обиде да стигне до својата петта титула од на овој турнир, по триумфите во 2004-та, 2005-та, 2006-та и 2012-та година. Последните две финалиња за Федерер во 2014-та и 2015-та завршија неповолно за Швајцарецот од како и во двете загуби од Новак Џоковиќ.

Во меѓусебните дуели пак Федерер против Вавринка е целосно во полза на 35 годишниот тенисер. Досега одиграле 22 пати а Федерер го совладал сонародникот дури 19 пати.

За да стигне до финишот, Федерер беше поуспешен од Џек Сок со 6:1, 7:6, додека Вавринка помина лесно порти Буста соладувајќи го со 2:0 во сетови односно 6:3 и 6:2 во гемови.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/03/2017 16:41