Во првото полувреме не им одеше “од рака“ на стрелците иако во сите 45 минути имаше добра игра, офанзивен стил со премногу шанси на двете страни. Најубавата шанса за тимот на Сити ја имаше Фернандињо во 38-тата минута кога по нафрлена топка по земја шутираше покрај голот. Иако ситуацијата беше спорна бидејќи Клаван го фаулираше Агуеро, сепак судијата не досуди најстрога казна за домаќините.
Само три минути подоцна по серијата корнери за Ливерпул, Лалана испрати прекрасен шут кон голот на Сити но Кабалеро со прекрасна интервенција успеа да го одбрани шутот. По само една минута го одбрани и шутот на Фирмињо.
По стартот на вториот дел во 51-та минута, Ливерпул доби удар од единаесет метри при што Милнер стрелаше прецизно и го доведе Ливерпул во предност од 1:0. Во продолжение на натпреварот Граѓаните од Манчестер целосно ја презедоа контролата и иницијативата на теренот а тоа успеа со гол да го круниса Агуеро во 69-тата минута и да го израмни резултатот на 1:1.
Ливерпул до крајот на натпреварот ја имаше можеби најубавата шанса на натпреварот во 80-тата минута кога Лалана сам пред Кабалеро успеа да ја промаши целата топка. Тоа го стори и Кун Агуеро кој во судиското продолжение шутираше над голот на Ливерпул од непосредна близина.
По 29 одиграни кола во Англија, борбата за пласман во Лигата на шампионите продолжува и понатаму меѓу Тотенхем, Ливерпул и Манчестер Сити каде што Тотенхем е втор на табелата со 59 бодови, Сити трет со 57 бода и Ливерпул четврти со 56 бода.