Ресторанот во Хотел Руссиа не е само уште едно место за јадење, туку и место каде штo ќе уживате во прекрасниот амбиент.

Овде се служат добро избалансирани порции на македонска храна сервирани на најсовремен начин. Но ресторанот во Хотел Руссиа не е специјализирано место само за храна од македонското поднебје, тука можете да вкусите и најразлични интернационални специјалитети подготвени на посебен начин од страна на нашите реномирани професионални готвачи.

Уживајте во вашето омилено кафе или пак доколку сте гладни, вкусете дел од нашата широка понуда на најразлични јадења, со напомена дека во периодот на Велигденските пости на располагање Ви стои и посно мени.

И нормално, засладете го вашиот престој со некој од нашите широко познати десерти кои оваа недела се со 20% попуст на десерт по избор.



Автор: Администратор
Објавено на: 20/03/2017 00:14