Градот Скопје е еден од финалистите за наградата на Европската недела на мобилност за 2016 година, која секоја година се доделува од страна на Европската комисија.
Станува збор за наградата наградата на Европската недела на мобилност за 2016 година, која се дава како награда за концепт за одржливи транспортни урбани системи, каде покрај Скопје, финалисти се и Лисабон (Португалија) и Малме (Шведска).
Добитникот на наградата ќе биде прогласен денес во Брисел.