Српскиот министер за внатрешни работи Небојша Стефановиќ денеска сооопшти дека полицијата синоќа заплениле над еден тон дрога „сканк“.
Тој на прес-конференција истакна дека станува збор за рекордна заплена, не само во Србија, туку и во регионот.
- Со сериозна и напорна работа луѓето од Управата за криминалистичка полиција во реонот меѓу Нови Сад и Бачка Паланка уапсена е криминална група која го превезувала тоа количество на наркотик, нагласи Стефановиќ.
Српскиот министер истакна дека „тоа е една од најголемите заплени досега и тоа покажува дека Србија е подготвена да биде добра потпора за целиот регион во борбата против шверцот на дрога“.
Дрогата била откриена и запленета во реонот меѓу Нови Сад и Бачка Паланка (Војводина) за време на транспортот. Вредноста на дрогата се проценува дека е над 4 милиони евра, а при полициската акција уапсени се 6 лица.