Швајцарецот Роџер Федерер е победник на тенискиот турнир во Индијан Велс од Мастерс серијата. Ова е петти трофеј за Федерер од турнирот во „калифорниската пустината“ и вкупно 90. во неговата кариера.

Во финалето синоќа Федерер го совлада сонародникот Стан Вавринка со 2-0, по сетови 6:4 и 7:5.

Меѓусебниот скор на двајцата Швајцарци сега е 20:3 во победи за Федерер.

Воедно за него ова беше прв трофеј од АТП серијата 1.000 по триумфот во Синсинати 2015 година.



Автор: Администратор
Објавено на: 20/03/2017 19:38