Руската тенисерка Елена Веснина е победничка на ВТА турнирот во Индијан Велс откако синоќа го доби финалето против сонародничката Светлана Кузнецова.

Финалето кое траеше три часа заврши со 2-1 за Веснина, по сетови 6:7, 7:5 и 6:4.

За Веснина ова е најголемиот успех во нејзината кариера и највредна титула од ВТА турнирите.



Автор: Администратор
Објавено на: 20/03/2017 19:40