Станислас Вавринка многу емотивно го доживе поразот од Роже Федерер во финалето на Индијан Велс (4:6, 5:7).
По финалето, со насолзени очи и стегнато грло, едвај успеа нешто да проговори:
„Простете, едноставно сум уморен по овие десет дена, простете“, изјави Вавринка.
Потоа, со кнедла во грлото, му се обрати на сонародникот и голем пријател:
„Сакав да му честитам на Роже...“
Во тој момент, додека очите му беа насолзени, виде дека Федерер се смее, па додаде:
„Тој се смее. Тој е кретен, но тоа е во ред“, додаде Вавринка.
На крајот му се обрати со сериозен тон:
„Изгубив некои тешки натпревари против тебе, но кога играше финале на Отвореното првенство на Австралија, јас бев твојот најголем навивач. Честитки за големото враќање. Секој кој сака да гледа тенис, сака да ги гледа токму твоите натпревари“, изјави Вавринка.