По завршувањето на саемот во Барселона, почнаа наголемо шпекулациите и претпоставките за тоа кога официјално ќе биде пуштен во продажба новата верзија на Samsung Galaxy S8.
Иако првично се претпоставуваше дека датумот ќе биде 10 април, сепак по најновиот извештај на корејскиот ET News кои во детали ја следи ситуацијата за новостите на Самсунг истакна дека тоа ќе се случи нешто порано, односно на 07 април.
Овој датум може да се смета за официјален, бидејќи е потврден и од самата компанија за корејските медиуми, со тоа што е познато само дека на овој датум Samsung Galaxy S8 ќе се појави на корејскиот пазар но не и на Европскиот и останатите светски пазари.
Во продавниците во Кореја ќе го има од 21 април, а Самсунг ваквата одлука и политика на продажба ја темели на тоа што на 07 април се пушта во продажба новата верзија на LG 6 за пазарот во Америка па така на овој датум ќе се судрат два нови значајни телефони.