Најдобра продажба на Нинтендо Switch има во Америка и Јапонија, каде што луѓето, традиционално пред секоја нова верзија на популарните брендови чекаат и со денови пред продавниците.
Се чини дека за добрата продажба на најновата верзија на Нинтендо придонесе и фанстастичната игра The Legend of Zelda: Breath of Wild која доби чиста десетка од гејмерскиот свет.
Иако точната бројка на продадени Нинтендо Switch не и позната на јавноста сепак Нинтендо на почетокот планираше да произведе 8 милиони парчиња од овој модел за да по само една недела од официјалното пуштање во продажба тој план го смени и најави дека ќе произведе дупло повеќе, односно 16 милиони конзоли за истиот период од 12 месеци.
За разлика од верзијата Wii U, Нинтендо Switch забележува далеку подобри резултати во продажбата, пред се поради разочарувањето кои го имаа клиентите на Нинтендо поради лошата графика на претходната верзија.