Најновата верзија на APPLE – ИОС 11 со себе ќе донесе и голем број на промени, проблематични за девелоперите.
Apple со својата нова верзија на оперативниот систем ИОС ќе ги исфрли од игра илјадници девелопери кои сега егзистираат преку оваа мобилна платформа.
Во наредните неколку месеци Apple планира да го пушти во употреба надоградениот оперативен систем ИОС 11 кој според информациите ќе има поддршка исклучиво само за 64-битни апликации.
Веќе подолго време Apple ги известува девелоперите кои имаат 32-битни апликации поставени на Apple store дека во наредните верзии на ИОС оперативниот систем тие апликации нема да функционираат.
Насочувањето кон 64-битни процесори значи по автоматизам дека IPhone 5S и постарите верзии нема повеќе да ги поддржуваат овие апликации.
Аналитичката компанија Sensor Tower подготви анализа за тоа колку 32-битни апликации може да се најдат на официјалната продавница на Apple а бројките се навистина запрепрастувачки. Според нивната анализа, дури 187.000 32-битни апликации преку ноќ можат да исчезнат од Apple store уште по првиот ден на пуштање во употреба на ИОС 11.