Фудбалерот на Манчестер Јунајтед Бастијан Швајнштајгер ќе премине во американската лига во тимот на Чикаго.
Јунајтед му дозволи на поранешниот капитен на германскиот национален тим да направи трансфер во Чикаго и да потпише едногодишен договор.
Швајнштајгер веќе доби дозвола за работа во САД, а наскоро треба да изврши медицински прегледи и да го официјализира трансферот во МЛС-лигашот од Чикаго.
– Отсекогаш сум сакал да оставам позитивен впечаток, а така ќе се трудам да биде и во Чикаго. Разговарав со директорот и тренерот и тие ме убедија во добрата визија на клубот. Јас сакам да помогнам во овој проект, истакна Германецот.
Според информациите на американските медиуми, Швајштајгер за една година во Чикаго ќе заработи 4,5 милиони долари.