Cветски Ден на водата, на 22 март секоја година, е за преземање акција во врска со водата. Во 2017 година, темата е отпадните води и кампањата “Зошто отпадни води?”, се однесува на намалувањето и повторната употреба на отпадните води.

Целта за одржлив развој(ЦОР) до 2030 година под цел 6.3 бара од нас “подобрување на квалитетот на водата преку намалување на загадувањето, елиминирање на отпад и минимизирање на ослободување на опасни хемикалии и материјали,преполовување на уделот на непречистени отпадни води и значително зголемување на рециклирање и повторна безбедна употреба на глобално ниво.”

Напредок кон под целта 6.3, исто така, ќе помогне да се оствари ЦОР за здравје и благосостојба (ЦОР 3), безбедна вода и санитација (ЦОР 6), прифатлива и чиста енергија (ЦОР 7), одржливи градови и заедници (ЦОР 11), подводен живот(ЦОР 14), и животот на копно (ЦОР 15), меѓу другите.

ГЛАВНИ ПОРАКИ

1. На глобално ниво, повеќе од 80% од отпадните води генерирани од страна на општеството тече назад во екосистемот без да бидат третирани или повторно употребени.

2. 1,8 милијарди луѓе користат извор на вода за пиење загадена со фецес доведувајќи ги во ризик од заболување од колера, дизентерија, тифус и детска парализа. Небезбедна вода, лошите санитарни и хигиенски услови предизвикуваат околу 842.000 смртни случаи секоја година.

3. 663 милиони луѓе сеуште немаат подобрени извори на вода за пиење.

4. До 2050 година, речиси 70% од светската популација ќе живее во градовите, во споредба со сегашните 50%. Моментално, повеќето градови во земјите во развој немаат соодветна инфраструктура и ресурси за управување со отпадни води на ефикасен и одржлив начин.

5. Можностите за искористувањето на отпадните води како ресурс се огромни. Безбедното управувањесо отпадните води е прифатлив и одржлив извор на вода, енергија, хранливи материи и други обновливи материјали.

Трошоците за управување со отпадни води се значителнопомали од придобивките во врска со здравјето на луѓето, економскиот развој и одржливост на животната средина, обезбедувајќи нови бизнис можности и создавање на повеќе “зелени” работни места, велат од Институтот за јавно здравје.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/03/2017 16:09