Азиската фудбалска конфедерација соопшти дека на десетмина репрезентативци на Источен Тимор им се поништени пасошите откако било утврдено дека имаат фалсификувани документи.
Азиската фудбалска конфедерација претходно ја исфрли репрезентацијата на таа земја, која во 2002 година стекна независност од Индонезија, од квалификациите за Азискиот куп, а се поништени и резултатите на претходно одиграните 29 натпревари на овој државен тим.
Источен Тимор обезбедил документи за девет фудбалери коишто се родени во Бразил, но по истрагата на АФК и ФИФА, реагирало и Министерството за правда на Источен Тимор, кое ги поништило фалсификуваните пасоши.
Фудбалскиот сојуз на Источен Тимор исто така е казнет со 56 илјади долари, додека дисциплинската комисија на АФК го суспендирала и Амандо де Араујо Сарменто, генералниот секретар на оваа Федерација, на три години.