Иако уште во јануари беше познато дека „У Ултра“ ќе добие своја верзија со сафирно стакло од предната и задната страна, ХТЦ одлучи од се да направи вистинска мала драма.

Тоа воедно е и причина за големите очекувања од „ХТЦ 11“ како наследник на „ХТЦ 10“. Надежта посебно беше нагласена бидејќи „У Ултра“ на широко беше прогласен како промашување, како уред кој за многу пари не нуди ништо посебно.

Новиот „У Ултра“ е покриен со сафирно стакло, исклучително отпорен материјал и ќе чини вртоглави 880 евра, што е околу 150 евра повеќе од класичната верзија на „У Ултра“, која и така е оценета како премногу скапа.

„Ултра“ со екран од 5.7 инчи работи со осумјадрен процесор „Снапдрагон 821“ од 2,15 гигахерци, 4 гигабајти РАМ и интерна меморија од 64 гигабајти, додека „сафирната“ верзија е со 128 гигабајти.

Задната камера е „УлтраПиксел 2 Сензор“ од 12 мегапиксели, а предната од 16 мегапиксели. Слушалките се поврзани со УСБ-Ц порт, преку кој уредот и се полни со батерија од 3.000 милиампер часови.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/03/2017 21:35