Со цел подигнување на свеста за потребата од намалување на загадувањето на површинските и подземните води, а по повод Светскиот ден на водите, денеска во Скопје ќе се одржи технолошки форум „Моќта на чистите води“.

На форумот, како што е најавено, ќе се обратат Џакомо Снарамуци од „Озонија“, Швајцарија, како и претставници од Министерството за животна средина и просторно планирање, Институтот за јавно здравје и јавното претпријатие „Водовод и канализација“.

Теми на форумот се одржливата вода за пиење и обезбедувањето на услуги за прочистување на отпадните води во Македонија, здравстените аспекти на водата, алтернативните извори за водоснабдување на Градот Скопје и управувањето со води, а ќе бидат споделени и искуства за прочистување на водите во други земји.

Форумот е во организација на „Ротари клубот“ од Скопје.



Автор: Администратор
Објавено на: 23/03/2017 15:28