Центарот за Едукација на Фудбалската Федерација на Македонија објавува упис за добивање на тренерски дипломи и лиценци, и тоа за следниве нивоа: УЕФА Б, УЕФА А и Национална Ц лиценца.

Кандидатите кои се заинтересирани за пријавување за еден од горенаведените курсеви во прилог на своето барањето треба да ги достават и следниве документи:

За УЕФА Б Курс:

- Најмалку 22 години старост, копија од лична карта или пасош

- Најмалку 4 години активно играње фудбал во сениорска конкуренција во редовно натпреварување, во било која сениорска лига, потврда од клуб или потврда од ОФС каде клубот е регистриран

- Најмалку средно образование, копија од диплома за завршено средно образование

- Лекарско уверение за задоволителна здравствена состојба,

- Уплатница за прва рата од чинење на курсот во висина од 100 евра во денарска противвредност.

- Кратка биографија

- На барањето задолжително да се наведат телефон и мејл за контакт.

За УЕФА А Курс:

- Да поседува валидна УЕФА Б диплома, да достави копија, (доколку тренерот го завршил УЕФА Б Курсот а не ја подигнал дипломата, да се обрати во Центарот за Едукација на ФФМ).

- Да има најмалку 2 (две) години работно искуство како тренер носител на УЕФА Б Диплома и тоа:

1. Најмалку 1 (една) година како Шеф на стручен штаб во Втора МФЛ или асистент тренер во Прва МФЛ, потврда од клуб.

2. Најмалку 1(една) година шеф на стручен штаб на младински екипи кои се натпреваруваат во Супер лига на ФФМ, потврда од клуб.

3. Или 4 (четири) години професионален ангажман како фудбалер или настапи во А репрезентација, потврда од клуб или ФФМ

- Лекарско уверение за здоволителна здравствена состојба

- Картка биографија

- Уплатница за прва рата од чинење на курсот во висина од 200 евра во денарска противвредност.

- На барањето задолжително да се наведат телефон и мејл за контакт.

За Национална Ц лиценца:

- Копија од диплома за завршено најмалку средно образование;

- Копија од лична карта;

- Потврда дека тренерот немал или не е под дисциплински мерки издадена од дисциплинска комисија на ФФМ;

- Потврда од клуб за ангажман за сезона 2016/17, потпишана и заверена од клубот;

- Две слики како за лична карта.

- На барањето задолжително да се наведат телефон и мејл за контакт

- Картка биографија

Семинарот за Национална Ц лиценца е наменет за тренерите во детските лиги кои се активни во сезона 2016/17, а не успеаа да се пријават за претходниот семинар за Национална Ц лиценца. Оваа лиценца ќе биде задолжителна за тренерите кои ќе работат во клубовите во детските лиги од сезона 2017/18.

Исто така овој семинар е отворен за пријави и на заинтересирани кандидатие кои во моментот не се тренери во детските лиги, но нивното присуство ќе биде потврдено дополнително во зависност од бројот на пријавени активни тренери. Семинарот за Национална Ц лиценца ќе се одржи во месец Септември 2017 во Х. Континентал – Скопје.

Напомена: сите горенведени уплати по основ уплата за одреден курс, да се вршат на жиро сметка на ФФМ:

300000001599760, Комерцијална Банка

Примач: ФФМ – Скопје

Цел на дознака за курсот за кој се пријавувате

Сите приложени потврди за тренерски стаж се проверуваат во Комет системот на ФФМ каде тренерите се регистрирани и доколку истата не соодвествува со податоците во Комет системот, нема да биде прифатена.

Пријавувањето за тренерските курсеви трае до 31.03.2017, по завршување на овој рок и формирање на групите, Центарот за едукација ќе ги одреди термините и местото на одржување и ќе прати известување до пријавените кандидати.

Сите апликации треба да бидат доставени во оригинал до Архива на Фудбалска Федерација на Македонија. За сите прашања или дополнителни информации можете да се обратите на: mario.gjurcinovski@ffm.com.mk



Автор: Администратор
Објавено на: 23/03/2017 15:51