Александер Чеферин, претседателот на УЕФА, изјави дека судијата на натпреварот меѓу Барселона и ПСЖ нема да биде суспендиран, и покрај бројните повици од челниците на Французите да се направи тоа.

„Кога ќе се случи нешто лошо, можеме да разговараме за тоа, но нема збор за суспензија на судијата. Тоа е како да го обесиме или да го суспендираме играчот кој не го погодил пеналот. Тој само оди на клупата. Многу пенали не се погодуваат“, изјави Чеферин.

Барселона на домашен терен го победи ПСЖ со 6-1 и со тоа го надополни заостанувањето од 4-0 од првиот натпревар. Љубителите на фудбалот и некои медиуми се жалеа на судењето, а ПСЖ неодамна му пиша на претседателот на УЕФА за судењето на Дениз Ајкетин.

Во писмото се истакнува серијата грешки во ситуации коишто влијаеле врз резултатот на натпреварот, ѝ пренел на агенцијата АФП извор запознаен со неговата содржина.

„Не можеме да се ослободиме од чувството дека исходот на натпреварот би бил поинаков да имавме подобро судење. Секој можеше да го види макар тоа дека не беше досуден пенал по прекршокот на Анхел ди Марија. Тоа барем би ни овозможило да се вратиме во натпреварот. Не треба да се заборави и тоа дека немаше пенал над Луис Суарес“, изјави Насер Ал-Келаифи.



Автор: Администратор
Објавено на: 24/03/2017 14:42