Градот Скопје вчеравечер се приклучи на глобалната акција „Часот на планетата Земја 2017“ и во времетраење од еден час го исклучи осветлувањето на неколку објекти и локации во центарот на градот.

Како што информира Град Скопје, во периодот од 20:30 до 21:30 часот без осветлување беа плоштадот „Македонија“ со спомениците, Камениот мост, Скопската тврдина Кале, Мостот „Око“ и Мостот на уметноста.

Акцијата „Часот на планетата Земја 2017“ се спроведува во 170 држави низ светот со симболично исклучување на светилките во времетраење од еден час како порака за спас на планетата и за намалување на климатските промени.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/03/2017 18:10