Сопственикот на калчолигашот Милан, Силвио Берлускони ја отфрли можноста да го продаде голманот Џанлуиџи Донарума.

Иако италијанските медиуми зачестено во последно време најавуваат дека Донарума ќе биде прва ѕвезда во летниот преоден рок, сепак по последните изјави на Берлускони тешко дека тоа ќе се случи,

– Донарума е наш производ, излезе од нашата школа, чувствува силна поврзаност со клубот и ќе биде дел од иднината на Милан. Тој е неверојатен, изјави Берлускони.

Осумнаесет годишниот голман на Милан е цел на Јувентус, Манчестер Јунајтед и Манчестер Сити, а се спомнуваат суми и до 100 милиони евра за негов трансфер.

Донарума веќе има и два настапа за италијанската репрезентација и во него Италијаните гледаат наследник на легендарниот Џиџи Буфон.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/03/2017 18:15