Двајца руски државјани се повредени во Белград синоќа по пријателскиот натпревар меѓу Црвена звезда и Спартак Москва, откако беа нападнати од страна навивачката група гробари. Тие прободеле двајца од нив со нож.
Третиот член на руската група која беше нападната беше малку изгребан и не е повреден. Еден од повредените навивачи е опериран и е надвор од животна опасност. Полицијата трага по напаѓачите.
Јуриј Пичугин, аташе за медиуми на Амбасадата на Русија во Белград потврди за „Спутник“ дека се случи инцидент во кој повредени се Максим Бутрин и Павел Бодров.
– Амбасада е во контакт со нив. Наш човек ги посети и разговараше со нив. Нивните роднини се информирани за она што се случило. За сега со случајот се занимава српската полиција, рече Пичугин.