Според бројот на милијардери кинеската престолнина Пекинг втора година по ред го надминува Њујорк, пишува весникот Hurun.
Податоците на Hurun Global Rich List покажуваат дека во Пекинг денес живеат 94 милијардери, што е за шест помалку од пред една година, но сосема доволно за да се задржи на првата позиција.
На втората позиција е Њујорк, каде според последните податоци има 86 милијардери. Во Големото Јаболко, за разлика од лани има 9 помалку милијардери. Седум од 20-те града на листата се од Кина, вклучувајќи го и Хонгконг, кој ја зазема третата позиција со 71 богаташ. Најголем раст по бројот на милијардери има Шенжен, каде што денес живеат 62 или 16 повеќе од пред една година.
Петтата позиција со 59 милијардери ја зазема Москва, а потоа е Лондон (55), Шангај (53), Мумбаи (42), Париз и Ханчжоу (по 36). Според последните податоци денес во светот има 2.257 милијардери или 69 повеќе од пред една година.
За последниве пет години листата е збогатена за нови 804 лица, при што лидерската позиција и натаму ја држи Кина со 609 милијардери, додека во САД има 552 милијардери.