Зимата е период кога помалку се движиме, а повеќе јадеме и тоа најчесто потешка и помрсна храна.
Доаѓањето на пролетта е одличен поттик да го исчистиме телото од штетните материи и отровите кои се наталожиле во зимскиот период.
Детоксикацијата на организмот не само што ќе нè направи поздрави и поотпорни, но и ќе ни помогне да го намалиме вишокот килограми кои сме ги добиле во зимскиот период.
Како да се подготвите за пролетта?
Намалете ја количината на храна која досега сте ја внесувале во организмот, особено тестенините, печивата, храната која содржи многу масти и шеќери.
Избегнувајте помфрит, тестенини и овошни јогурти. Овие видови храна не можат да ве заситат подолго време, па набрзо повторно сте гладни и посегнувате по храна.
Организмот најдобро ќе го исчистите ако консумирате спанаќ, кељ и воопшто листест зеленчук со темно зелена боја.
Зелката, брокулата, лукот, лимонот, јаболката, зелениот чај, цвеклото, целерот и морковите се исто така одличен избор за пролетната детоксикација на организмот.
Овие видови храна го стимулираат црниот дроб да произведува ензими кои организмот го чистат од отровите.
Храната расподелете ја на неколку помали здрави оброци, а ужината секогаш нека се состои од овошје.
Кога на ваквиот начин на исхрана ќе додадете прошетки на свеж воздух и физичка активност, детоксикацијата ќе биде комплетна, ќе се чувствувате полесно, поенергично и поотпорно.