Дани Блинд доби отказ од местото селектор на Холандија еден ден по шокантниот пораз од Бугарија во квалификациите за Светското првенство.
Холандија по пет одиграни кола, се наоѓа на четвртото место во квалификациската група А со седум бодови, дури со шест помалку од Франција, со три од Шведска, а со два од Бугарија.
„Го почитуваме Дани, ни значеше, но резултатите се разочарувачки и мораме да му кажеме до видување“, изјави Жан Пол Декосо, директорот на Фудбалскиот сојуз на Холандија.
Блинд изјави дека Холандија била на вистинскиот пат, а дека резултатот во Бугарија бил исклучиво негова грешка.
Репрезентацијата на Холандија на утрешниот пријателски натпревар против Италија привремено ќе ја води Фред Грим.
Холанѓаните го пропуштија Европското првенство 2016 година, а со оглед на моментната ситуација во групата А, далеку се и од Мундијалот во Русија 2018 година.