Многу корисници на смартфони сметаат дека камерите, а посебно предната се најважни делови на уредот.

Ваквиот начин на размислување многу сериозно ги сфати кинескиот производител „Опо“, кој промовираше нов смартфон опремен со дури две селфи камери.

Овој потег е можност за ново отворање на тренд со двојни објективи на предната страна на уредите, по примерот на трендот на двоен објектив на задната страна на смартфоните.

Сепак, „Опo“ не е прва марка на телефон која воведе двојна селфи камера. „Леново“ во својот „Вајб С1“ во 2015 година вгради два предни објективи.

„Опo“ сега претстави две верзии на нови телефони Ф3 и Ф3 Плус, опремени со широкоаголни камери.

Двојните објективи кај смартфоните на „Опо“ се фокусирани на одделни улоги зависно од желбата на корисникот во однос на ширината на саканиот агол.



Автор: Администратор
Објавено на: 27/03/2017 11:31