Туризмот во Грција ова лето ќе регистрира рекорден раст од над 70 отсто, пишува германскиот весник „Велт“.
Весникот се повикува на германската компанија за истражување на пазарот ГФК за дестинациите, кои ќе бидат најпрепочитани од страна на Германците, тврдејќи дека рекорден број германски туристи ова лето планираат да ја посетат Грција.
Во исто време, оваа компанија прогнозира пад на германските туристи во Турција, која досега била омилена дестинација за нив по Палма де Мајорка, посочува весникот.