Во рамки на активностите за промовирање на Охрид како атрактивна туристичка дестинација, користејќи ги формите и облиците за унапредување и одржлив развој на туризмот, делегација на Општина Охрид предводена од градоначалникот Никола Бакрачески утре ќе одржи промотивен настан во Москва.

Предвидено е во рамки на активностите да биде презентирана туристичката понуда на Охрид пред педесетина претставници од туристичкиот сектор во Русија, меѓу кои туроператори и туристички агенции, медиуми, претставници на Руската асоцијација на туроператори и Федералната агенција за туризам.

Во соопштението од локалната самоуправа се наведува дека таквите промотивни активности на туристичките потенцијали, природните и културни знаменитости со кои располага Охрид се овозможува остварување соработка со руските туристички работници за поголема застапеност на Охрид на рускиот туристички пазар.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/03/2017 12:03