Билијард и снукер клубот лоциран во Скопје, кој на љубителите на овој спорт им нуди највисоки услови за игра, има 7 билијард и 2 снукер маси.
Гран Клуб ќе биде организатор на турнир во билијард а со тоа и домаќин на 64 играчи пријавени од земјата и регионот.
Како увертира за овој настан, од Гран Клуб ќе организираат ревијален натпревар во дисциплина 9ка помеѓу Македонија и Бугарија кој ќе се игра пред публика и кој ќе го означи почетокот на турнирот.
Турнирот ќе трае 3 дена, почнувајќи од 31.03 па се до 02.04, датум резервиран за финалето.
Натпреварувачите ќе играат дисциплина 9ка на 6 професионални билијард маси од кои 2 ќе бидат покриени со целодневен пренос во живо во „HD“ резолуција, со што им се дава можност на сите љубители на билијардот да ги следат најдобрите играчи од регионот и нивните настапи.
Од клубот ни изјавија дека овој турнир предизвикал огромен интерес, факт што секако радува.
Велат дека речиси половина од натпреварувачите се од Македонија и дека и ние имаме квалитетен кадар во овој спорт, кој може да биде конкурентен и на најдобрите играчи.