Адам Лалана, фудбалерот на Ливерпул, ќе го пропушти претстојното дерби против Евертон поради повреда на бутот.

Лалана се повреди во натпреварот меѓу Англија и Литванија во квалификациите за Светското првенство 2018 година.

Англиските медиуми наведоа дека Лалана нема да му биде на располагање на Јирген Клоп еден месец, односно дека ќе пропушти пет натпревари.

По средбата со Евертон (во сабота 13.30 часот), Ливерпул на домашен терен ќе игра со Борнмут и со Кристал палас, а потоа ќе гостува кај Стоук и кај Вест Бромич албион.

Лалана оваа сезона играше на 27 од 29 натпревари во Премиер лигата. Постигна седум гола и имаше седум асистенции.



Автор: Администратор
Објавено на: 29/03/2017 14:11