Саемските манифестации за туризам 2017, на кои беше присутна Туристичко-угостителската комора (ТУК) предводена од претседателот Аркан Керим во светските метрополи како Москва, Берлин, потоа Измир, Истанбул, Белград, Софија го најавија трендот на промена на дестинациите од традиционалните најбројни еврпски и руски туристи.

Така, се очекува 20 те милиони се уште неопределени патници претстојната сезона да летуваат на следните хит дестинации Шпанија, Франција, Италија, Хрватска, Црна Гора, Бугарија и Грција. Поточно, овие земји со својата понуда максимално се трудат да ги придобијат.

„Она што е тренд во светот и на кое Република Македонија треба позначајно да работи е дигитализацијата на туризмот. Технолошки поткованата пред се помлада генерација има специфични потреби за комуникација, потрошувачка и туристичко дожививање. Влијанието на технологиите е огромно, од виртуелната до фактичка реалност. Туристите дизајнираат свој патувачки пакет, ги користат услугите и сообраќајот и функционираат на поголем радиус. За краток период обиколуваат повеќе дестинации, “ ијзави Керим.

Тој додаде дека, искуствата од регионот и светот, налагаат да се размислува во правец на формирање општински туристички организации, кои ќе работат на квалитетна промоција на туризмот.

„Секоја општина во Република Македонија, потребно е да формира туристичка организација. Општинските власти и сите чинители на туризмот во таа општина: локални хотелиери, агенции, ресторани, да се обединат и да работат во заеднички настап на трети пазари, за привлекување што повеќе туристи. Така можеме да зборуваме за регионален туристички развој, бидејќи според податоците на државниот завод за статиска во нашата земја, Скопје е најпосетувана туристичка и бизнис дестинација од страна на странските туристи“, изјави Керим.

На годишно ниво според ДЗС, во периодот јануари-декември 2016 година, вкупниот број на туристи е 856.843 што претставува зголемување од 5.0% во споредба со 2015 година. Бројот на домашните туристи е 346 359, односно има зголемување за 4.8%, а бројот на странските туристи е 510 484 и има зголемување за 5.1%. Како и останатите сектори во економијата и туризмот е под притисок на внатрешни и надворешни факторки кои имаат големо влијание.

„Домашната политичка состојба, сметаме дека треба да се реши без турбуленции, бидејќи и најмал инцидент, може целосно да не изолира во наредните пет години. Од друга страна влијанието на надворешните фактори исто така може да се одрази негативно врз секторот, како мигрантската криза која се очекува да се интензивира по референдумот во Турција на 16 април“, рече Керим.

Туристичко угостителската комора при ССК ги следни состојбите во секторот и апелира на поголеми контроли и сузбивање на нелојалната конкуренција, која е присутна како во делот на агенциското продавање на аранжмани од човек фирма, работа на агенции кои направиле штета во секторот и измамиле туристи, така во делот на неевидентирани апартмани кои се издаваат на странски гости, со што се избегнуваат давачките кон државата, се намалува бројот на гостите и девизниот ефект затоа што нема контрола, па се до кафулиња каде некаде се почитуваат законот за пушење, а некаде делумно.

Туристичко угостителската комора при Сојузот, со свои предлози и мерки работи во насока на подобрување на овој сектор, кој индиректно со себе повлекува и уште многу други гранки, кои имаат импакт кон туризмот.



Автор: Администратор
Објавено на: 29/03/2017 14:15