Марко Пјаца, крилниот фудбалер на Јувентус, ја заврши сезоната поради повреда на предниот вкрстен лигамент на коленото.

На Пјаца му пукна лигаментот на настапот за репрезентацијата на Хрватска во вчерашниот пријателски натпревар со Естонија во Талин. Младиот Хрват се повреди на средината на второто полувреме на натпреварот, по којшто неговите соиграчи се пожалија на лошите услови и песокот на теренот.

Повредата на предниот вкрстен лигамент бара сложена операција и долготрајна рехабилитација, па Пјаца на теренот може да се очекува дури за 6-9 месеци.

Пјаца има 21 година, во Јувентус стигна минатото лето од Динамо за 23 милиони евра, а во дебитантската сезона одигра 19 натпревари и постигна еден гол за „старата дама“.



Автор: Администратор
Објавено на: 29/03/2017 14:41