Марио Манџукиќ, напаѓачот на Јувентус, од репрезентативниот викенд се врати со воспаление на коленото и нема да биде во составот за овој викенд.
Покрај поранешниот напаѓач на Баерн, и неговиот сонародник Марко Пјаца заработи тешка повреда бранејќи ги боите на националниот тим.
Помладиот од двајцата Хрвати од Јувентус ги скина предните вкрстени лигаменти на коленото на натпреварот со Естонија во Талин и ќе паузира најмалку шест месеци, додека кај 30-годишниот Манџукиќ дошло до замор.
Шампионот на Италија се соочува со уште еден проблем, бидејќи поради обврски со репрезентацијата, Пауло Дибала и Хуан Куадрадо на тимот ќе му се приклучат дури денес.
Натпреварот меѓу Наполи и Јувентус се игра во недела, од 20.45 часот на „Сан Паоло“. Торинските „црно-бели“ го заземаат водечкото место на табелата во Серија А со 73 освоени бода, осум повеќе од второпласираната Рома и десет од Наполи.