Според информации од Манчестер Јунајтед на Хуан Мата во четвртокот му е извршена операција и би можело да го пропушти остатокот од сезоната.

Шпанецот за сите три сезони во клубот успеа да се сочува од повреда, но изгледа дека веќе дојде до крајот, во густиот распоред нема да може да помогне.

Манчестер јунајтед за денешниот натпревар против Вест Бромич албион не може да смета на Ерера и на Ибрахимовиќ поради суспензија. Пол Погба има проблем со мускулите, а дефанзивните играчи Смолинг и Џонс се надвор од редовите.

Мурињо за натпреварот ќе го повика младиот Метју Вилок, кој ќе биде за прв пат член на сениорската екипа. Неговиот помлад брат Крис Вилок е играч на Арсенал.



Автор: Администратор
Објавено на: 01/04/2017 14:14