Антикорупциската агенција на Косово минатата година пред Јавното обвнителство отворила 28 кривични предмети, во кои заради сторена корупција се осомничени 44 носители на јавни функции, пренесува весникот „Експрес“.
Шаип Хаволи, дирекор на Агенцијата, потврдува дека уште најмалку 160 случаи се затворени поради недостиг на докази.
– Агенцијата спроведе истрага за 276 случаи, 28 случаи се доставени до Обвинителството а се однесуваат на 44 лица, кои се осомничени за „злоупотреба на службената положба“, 25 случаи се за „недавање изјава или лажна изјава за имотната состојба“, а уште неколку случаи се уште се во истрага. Бидејќи не се во надлежност на Агенцијата, 13 случаи се предадени на полицијата – изјави Хаволи.
Тој додаде дека за уште 50 лица во 30 други случаи е отворена истрага.
– Околу 160 случаи се затворени поради недостиг од докази, а 45 случаи се во истрага поради корупција или лажни изјави за имотната состојба на функционерите – посочува Хаволи.
Според него, во текот на минатата година Агецијата работела и на 127 слачаи на корупција од потпшување директни договори.