Маурисио Покетино, менаџерот на Тотенхем, ги демантираше шпекулациите дека во наредната сезона би можело да ја преземе екипата на Барселона.

Минатата недела во медиумите се појави информацијата дека Аргентинецот бил на ручек со претседателот на Барселона, но со неговата изјава на конференцијата за медиумите на Тотенхем јасно стави до знаење кој клуб би сакал да го води, а кој никогаш.

„Ги сакам Еспањол и Тотенхем и невозможно е некогаш во кариерата да бидам на клупата на Арсенал и на Барселона“, изјави менаџерот на „петлите“.

Тотенхем во 30-тото коло гостува кај Барнли, а по 28 одиграни кола, лондонскиот тим е втор на табелата со 59 освоени бодови.



Автор: Администратор
Објавено на: 01/04/2017 15:09