Екипата на ПСЖ по четврти пат во серија го освојува францускиот Лига куп, откако синоќа во финалето што се одигра во Лион, го победи моменталниот лидер во француското првенство Монако со 4:1.

Освојувачот на Лига купот поведе во 4. минута со голот на Анхел Ди Марија. Монако успеа да изедначи во 27.минута преку Томас Лемар. На една минута пред крајот на првиот дел Ди Марија го постигна својот втор гол за ново водство. Со двата гола на Единсон Кавани во 54. минута и во 90.минута беше поставен конечниот резултат.

Екипата на Монако последен пат во Лига купот победи во 2003 година.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/04/2017 09:09