Рожер Федерер и Рафаел Надал ќе играат во финалето на Мастерсот во Мајами, откако синоќа Швајцарецот во второто полуфинале по голема борба и меч со три тај брека со 2-1 во сетови го победи Ник Кирјос од Австралија.

Резултат по сетови: 7:6 (11:9); 6:7 (9:11) и 7:6 (7:5).

Ова ќе биде 37.ми меѓусебен дуел на Федерер и Надал, кои првиот меч го одиграа пред 13 години токму во Мајами.

Во првото полуфинале Рафаел Надал го совлада Фабио Фоњини со 2-0 во сетови (6:1 и 7:5 во гемови)



Автор: Администратор
Објавено на: 02/04/2017 09:35