Денеска во посета на универзитетскта спортска сала при УКИМ, беше лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, во придружба на директорот на АМС Марјан Спасески и заменик министерот за образование и наука, Спиро Ристовски.

Македонија ја доби најмодерната универзитетска спортска сала во својата историја. Tаа има 800 седишта и се простира на скоро 6.000 метри квадратни, од кои 3.067 метри квадратни самата сала и 2.000 метри квадратни со партерното уредување.

Ваква инвестиција во последните 70 години на спортско универзитетско ниво се нема случено, прв ваков објект кој што ги исполнува сите меѓународни стандарди. Веќе сме во завршна фаза, тврдата градба е завршена, во моментов во завршна фаза е и водовот и електриката, тоа е обврска на ректоратот, изјави Спасески.

Инаку салата има 17 санитарни јазли, 4 се за спортистите, 8 санитарни јазли за публика, бидејќи може да се користи за меѓународни натпревари, 2 санитарни јазли за лица со посебни потреби. Салата има и посебни простории за медицински персонал, за судии, за делегати, за допинг контрола, за фитенс, за пинг понг, теретана, посебни простории за предавање и за управител и секретар на објектот. Како што вели директорот на АМС Марјан Спасески, самата сала може да функционира како посебно правно лице.

Системот кој се користи за греење во оваа сала е енергетски ефикасен, тој е прв од ваков карактер кој се користи во сала во Република Македонија.

Системот за греење е автономен, смарт систем, за греење, за рекуперација и вентилација, постојат посебни сонди кој што ја мерат влажноста на воздухот, во моментот кога ќе ја надмине просечната вредност, се вклучува рекуперацијата и вентилацијата. Подно греење има за самиот под, изјави Спасески.

Прозорците во салта можат да издржат удар од топка, така што нема да има проблем со нивно кршење и евентуално сервисирање. Голема благодарност за овој објект изрази и деканот на факултетот за физичка Вујица Живковиќ. Тој потенцираше дека оваа сала треба на голема сцена да го врати универзитетскиот спорт во Македонија.

Ова не некој начин ќе биде еден голем потстрек за развој на универзитетскиот спорт, на државно, а и интернационално ниво. Ова беше важен предуслов за развитокот на уверзитетскиот спорт, изјави деканот на факултетот за физичка култура Вујица Живковиќ.

Оваа сала има 800 седишта и е поголема од останатите сали кои се дел од проектот за изградба на спортски сали, чија големина е околу 450 до 500 седишта. Оваа е 35-та сала од истиот проект, а во завршна фаза се уште неколку, според зборовите на директорот на АМС Марјан Спасески.

Вкупната инвестиција за оваа утрамодерна универзитетска спортска сала е 154 милиони денари или околу 2 и пол милиони евра.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/04/2017 22:15