Александар Вучиќ е новиот претседател на Србија со освоени над 50 проценти од гласовите и победата ја однесе уште во првиот круг од Претседателските избори.

Досегашниот српски Премиер успеа да ги победи останатите десет кандидати со двоцифрена предност пред второ пласираниот Саша Јанковиќ.

Сите анализи ја предвидоа победата на Вучиќ но не и дека на третото место ќе биде Љубиша Прелетановиќ Бели кој се најде веднаш зад Саша Јанковиќ со 9 проценти оставајќи ги зад себе Вук Јеремиќ и Воислав Шешељ.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/04/2017 22:38