Антонио Конте, менаџерот на Челзи, изјави дека на поразот на неговиот тим најмногу се радуваат новинарите бидејќи трката за титулата станала интересна.

„За вас медиумите ова е одличен резултат, бидејќи трката за титулата повторно станува интересна“, изјави по натпреварот менаџерот на „сините“.

Првопласираната екипа на Премиер лигата направи кикс во 29-тото коло – пред домашните навивачи беше поразена со 2-1 од Кристал палас.

„Лигата е завршена кога математички ќе се освои, во друг случај морате да се борите и да одите на победа во секој натпревар“, изјави Конте. Челзи по втор пат е поразен на домашен терен откако Италијанецот ја презеде екипата, а два гола примија за прв пат од осми јануари, од поразот од Тотенхем.

„Во Англија не постојат лесни натпревари. Секој натпревар ќе биде тежок, отсега па до крајот, не е важно дали играме против Манчестер сити или против екипа која се бори за опстанок“, изјави Конте.



Автор: Администратор
Објавено на: 03/04/2017 11:52