Градот Скопје денеска ќе ја промовира Стратегијата за климатски промени „Отпорно Скопје“, која ќе биде стратешки документ за намалување на емисиите на стакленички гасови и подготвеност за промените.
На промоцијата ќе присуствуваат градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, и постојаниот претставник на УНДП во Македонија, Луиза Винтон.