Просечната нето плата во Хрватска во првото тримесечие од оваа година изнесува 5.408 куни (околу 725 евра).

Тоа е за еден процент помалку во однос на претходното тримесечие, а два отсто повеќе отколку во истиот период 2016 година.

Мажите во изминатите три месеци во просек заработувале 11 отсто повеќе од жените.

Најплатени во првото тримесечие биле топ менаџерите, кои во просек имаат 112 отсто поголема плата од просечната, а најслабо платени се работниците во текстилната индустрија, кои заработуваат 43 отсто помалку од просечната плата.

Платите во странските приватни фирми се 13 отсто над просекот, а во државните четири отсто над просекот. Најниски плати има во фирмите кои се претежно во домашна сопственост и тие се пет отсто помали од просечните.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/04/2017 11:12