Ибрахимовиќ како Бекам и Џерард, заминува во Лос Анџелес
Златан Ибрахимовиќ, голгетерот на Манчестер јунајтед, нема да го продолжи договорот со сегашниот клуб, туку на крајот на сезоната ќе направи трансфер во Лос Анџелес галакси, тврди американскиот „Фокс“.
Како што се наведува, 36-годишниот шведски фудбалер ќе го добие најбогатиот договор во историјата на МЛС-лигата, но засега не е објавена сумата. Ибрахимовиќ често пати изјавуваше дека има голема желба да проба да игра во САД, а според тамошните медиуми, тоа ќе му се исполни од ова лето.
Нему во јуни му истекуваат обврските кон Јунајтед, а иако има опција уште една година да игра на „Олд Трафорд“, нема да остане поради слабите резултати.
Ибрахимовиќ оваа сезона постигна 26 погодоци на 41 натпревар во сите натпреварувања.
Во Лос Анџелес ќе го пречекаат Ромен Алесандрини, поранешниот играч на Марсеј, Џовани дос Сантос , поранешниот фудбалер на Барселона, а дресот на Галакси го носеше и Дејвид Бекам, исто така некогашен фудбалер на Манчестер јунајтед, ПСЖ и Милан, како Ибрахимовиќ.