Бројот на патници превезени од двата аеродрома во Македонија во првите два месеца од годинава е зголемен за 9 проценти.
Податоците од ТАВ Македонија, кој стопанисува со аеродромите, покажуваат дека во овој период од аеродромите во Скопје и во Охрид се превезени 238.180 патници.
Минатата година услугите на македонските аеродроми ги користеле 1,8 милиони патници, односно на годишно ниво бројот на патници бил зголемен за 15 проценти. Зголемување за 8,9 проценти имало и кај бројот на летови, односно реализирани биле 16.883 летови.