Во гости кај Јунајтед дојде Евертон, кој до некаде ги залечи раните по поразот во дербито на Мерсисајд и во Ливерпул се враќа со бод, но ќе има за што да жали.

Јагјелка го доведе Евертон во водство во 22-рата минута, а гостите ја сочуваа предноста до последната минута од натпреварот.

Златан Ибрахимовиќ во 71-вата минута успеа да ја затресе мрежата на гостите, но голот беше поништен поради офсајд.

Играчите на Јунајтед се обидуваа, Ибрахимовиќ не ги претвораше шансите во голови сè додека во последната минута не доби шанса да шутира од белата точка. Вилијамс во шеснаесетникот играше со рака, што го чинеше црвен картон и казнен удар за Јунајтед, кој Ибрахимовиќ го претвори во гол за бод и второ врзано реми во Лигата.

Лестер пред своите навивачи продолжи со добрите партии кои ги дава во последно време и го совлада Сандерленд со 2-0.

До петтата победа по ред во Премиер лигата „лисиците“ стигнаа во второто полувреме, а головите за новиот триумф на екипата на Шекспир ги постигнаа Слимани во 69-тата и Варди во 78-мата минута. Кај двата гола асистент беше Олбрајтон.

На Сандерленд ова му е шести последователен пораз и шести натпревар на којшто нема постигнато гол, што неговата борба за опстанок е дополнително отежната.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/04/2017 12:37