Гонзало Игуаин, поранешниот играч на Наполи, му пресуди на неговиот поранешен клуб и со двата постигнати гола го одведе Јувентус во финалето на Купот на Италија.
Екипата од Неапол на нејзин терен ја победи „старата дама“ со 3-2, но тоа не беше доволно за пласман бидејќи торинскиот клуб во првата средба славеше со 3-1.
Јунак на натпреварот беше токму поранешниот фудбалер на Наполи, кој минатото лето го засили Јувентус.
Споменатиот играч го постигна водечкиот погодок за гостинската екипа во 32-рата минута од натпреварот, но во продолжението домашниот состав со голот на Хамшик стигна до изедначување.
Потоа на сцената повторно настапи Аргентинецот, кој го постигна неговиот втор погодок на натпреварот, а четврти во четирите натпревари против неговиот поранешен клуб.
Минута подоцна, згреши Нето, Мертенс изедначи во 61-вата минута, а по грешката на одбраната на Јувентус, Инсиње ја зголеми предноста. Паволети имаше шанса во самиот финиш, се играше и продолжение од шест минути, но Јувентус ја сведе работата до крај.
„Старата дама“ за финалето ќе се боди со Лацио, кој во вторникот обезбеди пласман.
Натпреварот за трофејот којшто Јувентус го освојуваше во последните две сезони ќе се игра на втори јуни, на стадионот „Олимпико“ во Рим.