Од МВР го потврдија инцидентот што вчера се случил во ресторант „Палас“ во населбата „Вера Которка“ во Куманово и како што соопштија денеска, кај нив случајот е пријавен од страна на вработен во ресторанот кој во 01:30 по полноќ пријавил нарушување на јавниот ред и мир.

Од МВР информираа дека работат на расчистување на случајот.

Пратеникот од редовите на СДСМ Максим Димитријевски соопшти дека вчера на семејна забава бил нападнат од група на како што рече, видно алкохолизирани лица.

- Оставам органите да го истражат случајот докрај, изјави Димитриевски.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/04/2017 11:26