Жозе Мурињо, менаџерот на Манчестер јунајтед, постави неславен рекорд на „Олд Трафорд“.

„Црвените ѓаволи“ изборија реми против Евертон во последната минута од натпреварот во 31-вото коло на Премиер лигата и со тоа ја продолжија низата без пораз на 20 натпревари.

И покрај тоа, клубот од „Олд Трафорд под водство на Португалецот на 16 натпревари на домашен терен забележа само шест победи, девет ремија и еден пораз, освојувајќи 37,5% од домашните бодови.

Томи Доерти во сезоната 1973/74 на „Олд Трафорд“ освои 35% од бодовите.

Луис ван Хал за двегодишниот мандат, 2014-2016, освои 68% бодови дома, додека Дејвид Мојс во сезоната 2013/14 имаше учинок од 44%.

Најуспешен е легендарниот Алекс Фергусон, кој од 1986 до 2013 година оствари 370 победи на „Олд Трафорд“ од вкупно 517 натпревари, што изнесува 72%.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/04/2017 11:15